четврток, 28 март 2024

Трендафилов: Функционерите добро да размислат што ќе сторат за работниците кои треба да ги гласаат

До Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) не е стигнато барање од политичките партии за средба, но би било добро да се чуе и гласот на работниците затоа што повеќе од 750 илјади вработени во земјава се оние кои ја носат одлуката кој ќе ја води државата во следните години, изјави денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Тој на денешната прес конференција најави три протести на кои, како што рече ги повика сите работници да излезат на улица и да им кажат на идните функционери шт треба тие да направат за нив.

 

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Добро ќе беше да ги слушнеа барањата на работниците. Нив не ги гласаат стопанските комори, не ги гласаат работодавачите и газдите, туку ги гласаат повеќе од 750 илјади вработени во Македонија. Да не го заборават тоа. Стопанските комори, работодавачите се некаде околу 7.000. На крајот на денот, работниците носат одлука за тоа кој ќе ја води државата во наредниот период. Ако вие не се грижите за нив, ако немате идеја и замисла во кој правец ќе се движите за да овозможите достоинствени плати на работниците, пристојни услови за работа и здрави и безбедни услови за работа, значи дека треба да размислите подобро. Упатувам апел до сите да сметаат дека работникот е иднината и дека работникот е пред сѐ“, рече Трендафилов.

Тој на денешната прес конференција најави три протести на кои, како што рече ги повика сите работници да излезат на улица и да им кажат на идните функционери шт треба тие да направат за нив.

Првиот протест ќе биде 2 април пред Врховниот суд затоа што, како што рече Трендафилов, ССМ ќе бара од врховните судии нова пресуда за враќање на зградата во сопственост на сојузот.

„Врховниот суд не почитува одлука на Уставниот суд од 1992 година. До Граѓанскиотсуд Скопје доставивме и нови докази со предлог за повторување на постапката“, рече Трендафилов.

Вториот протест ќе биде на 8 април затоа што, како што кажа Трендафилов, бработените во здравството нема да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата поради непотпишувањето на анексот на колективниот договор.

„Протестот ќе биде токму во насока на изразување незадоволство од непотпишувањето на анексот на колективниот договор којшто веќе беше завршена работа, но поради политичките игри остана непотпишан и со тоа повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без усогласувањето на нивните плати со порастот на минималната плата“, соопшти Трендафилов.

Според информациите на ССМ, освен вработените во здравството, усогласување на платите ќе нема и во образованието и во Министерството за внатрешни работи.

„Усогласување со порастот на минималната плата ќе нема и во образованието поради непотпишување на колективниот договор. Според моите сознанија, и вработените во Министерството за внатрешни работи нема да добијат усогласување на палтите, меѓутоа управата на локално ниво, правосудството, Правобранителството, јавнообвинителската служба, судската служба и.т.н. ќе добијат усогласување имајќи предвид дека Синдикатот на УПОЗ потпиша низа колективни договори каде ова право е утврдено меѓутоа и законските решенија, кои се обидуваа на мала врата да ги сменат пред објавата на висината на минималната плата, го овозможуваат тоа“, истакна Трендафилов.

Третиор протест во рок од еден месец ќе биде оној традиционалниот на 1 Мај, Денот на трудот. Трендафилов ги повика сите работници да излезат на улица и да им кажат на идните функционери што треба тие да направат за нив.

„Бараме минимална плата од најмалку 450 евра, да се вратат хранарината и превозот и со тоа да се исправи неправдата што беше наравена во 2009 година“, рече Трендафилов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ