Дојче банк во центарот на голем скандал, им купувале подароци на кинеските лидери

Дојче банк ја тресе корупциски скандал поврзан со работењето на таа најголема германска кредитна куќа во Кина, јавуваат Зидојче цајтунг и Њујорк тајмс.

Според двата весници, Дојче банк во периодот од 2002 до 2014, за да обезбеди пробив на кинескиот пазар, на функционери на кинеската Комунистичка партија и членови на нивните семејства им подарувале скапи подароци и им вршеле услуги.

Така наводно поранешниот претседател Џијан Цемин добил на подарок кристален тигар и стеро уред во вредност од 18.000 долари, а премиерот Вен Џиабао, кој според кинескиот хороскоп е роден во знакот на коњот, добил кристален коњ вреден 15.000 долари. на синот на еден од основачите на современа Кина му било подарено шише вино во вредност од 6.900 долари.

Банката покрај тоа на членови на семејствата на влијателни политичари им давала истакнати позиции во компанијата иако не биле квалификувани за тоа.

Тие, според тврдењата на германските медиуми, на советничките претпријатија во сопственост на членови на семејсвата и пријателите на политичката номенклатура им исплаќале милионски суми.

Дојче банк при истрагата на Американската агенција за контрола на пазарите на хартии од вердност (СЕК), на крајот на која поради корупцијата во Кина во август годинава беше присилена да плати казна од 16 милиони долари, на инспекторите им „ускратувала информации“ од интерната истрага кои укажувале на уште поголем обем на корупција.

Дојче банк соопшти дека случувањата во Кина веќе се „детално обработени“ преку интерната истрага, а резултатите од истрагата предадени на инспекторите.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе