Дојче банк: Оданочете ги луѓето кои работат од дома за да им помогнете на оние кои тоа не го можат

Економистите на Дојче банк предлагаат данок од пет отсто на работнички плати ако се одлучат на работа од дома. Данокот би го плаќале работодавците, а таквиот приход би им се исплаќал на луѓето кои не можат да работат од дома. Кога таквиот данок би се вовел во САД, би се собрале 48 милијарди долари, што би помогнало на економското заздравување, пренесува Би-би-си.

EPA-EFE

Дојче банк тврди дека тоа би било праведно, бидејќи оние кои работат од дома штедат пари и не уплаќаат во системот како оние кои мораат да излезат од дома за да работат. Во Британија таквиот потег би генерирал приход од 6,9 милијарди фунти годишно, што би овозможило исплата на поддршка од 2.000 фунти годишно на работниците со ниски примања и на оние на кои им се закануваат даноци.

„Со години ни е потребен данок на работата од далечина. Ковид-19 тоа само го направи сосема очигледно. Едноставно, нашиот економски систем не е поставен за да се носи со луѓето кои можат да се одвојат од општеството“, објаснува Лук Темплман, стратегот на Дојче банк.

Во истражувањето на Дојче банк се предвидува вработените во САД да 4,6 милијарди работни денови годишно дома наместо на работа. Со стапка на данокот на работа од дома од пет отсто и просечна годишна плата од 55.000 долари, тоа би значело приход од 10 долари дневно по вработен во САД. Во Британија тоа би значело седум фунти дневно врз основа на годишна плата од 35.000 фунти.

„Оние кои работат од дома добиваат директни и индиректни финансиски бенефиции и би требало да бидат оданочени за да се уедначи процесот на транзиција за оние кои морале ненадејно да го променат местото на работа“, вели Темплман.

Милиони луѓе преминаа на работа од дома затоа што работодавците ги затворија канцелариите за да го спречат ширењето на ковид-19. Многу од големите работодавци објавија дека на некои вработени ќе им овозможат трајно да работат од дома, цело работно време или дел од работното време, па дури и откако ќе заврши пандемијата.

Меѓутоа, има милиони луѓе кои не можат да работат од дома, на пример медицинските сестри и фабричките работници, а новиот данок би помогнал во одржувањето на тие работни места, тврди Дојче банк.

„Вирусот им одговара на оние кои можат да работат виртуелно, како банкарските аналитичари, и ги загрози егзистенцијата и здравјето на оние кои тоа не го можат“, додава Темплман.

Исто така тврди дека вработените на далечина помалку придонесуваат на инфраструктурата на економијата, но сепак имаат корист од неа. Работејќи од дома, луѓето не плаќаат јавен превоз, не ручаат во ресторани во близина на работните места, а скапите канцеларии остануваат речиси празни.

„Работата од дома носи директна финансиска заштеда на трошоците за превоз, јадење, облека и чистење. Даночната стапка од пет отсто нема да им биде ништо поголем товар од одењето на работа во канцеларија“, истакнува Темплман.

Истражувањата на Дојче банк покажуваат дека една третина од луѓето сакаат да продолжат да работат од дома два дена во неделата откако ќе заврши пандемијата. Данокот за работа од дома би го плаќале директно работодавците кои ќе одлучат на вработените да им овозможат работа од дома. Но тоа не би се однесувало на самовработените или на оние со ниски примања, како ни на лицата кои мора да останат дома поради потребите на јавното здравје и други медицински причини.

Приходите од овој данок би се користеле во многу конкретни цели, за да им се помогне на милиони работници кои својата работа не можат да ја работат од дома и кои заработуваат помалку од 30.000 долари годишно. Дојче банк вели дека истражувањето е смислено за да поттикне дебата за низа важни теми.

„Многу луѓе не се импресионирани со идејата за новиот данок. Меѓутоа, некои тоа го гледаат како интересна политика која националните влади можат да ја користат за прераспределба на добивката во пандемијата. Некои луѓе неочекувано профитираа, додека други се во загуба“, заклучи Темплман.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе