Директните странски инвестиции во Кина пораснаа во април

Директните инвестиции во Кина пораснале во април, покажуваат денес објавените официјални податоци, давајќи ги првите назнаки за заздравување на втората економија во светот од тешките последици на пандемијата.

Директните странски инвестиции искажани во американски долари пораснале во април за 8,6 отсто на годишно ниво, ги пренесе државната новинаска агенција Синхуа податоците на министерството за трговија на Кина. Нивната вкупна вредност во април изнесувала 10,14 милијарди долари. Искажани во јуани, надминале 11,8 отсто, на 70,36 милијарди јуани.

Во периодот од јануари до април инвестициите паднаа за 8,4 отсто, на 41,34 милијарди долари, поради влијанието на заразата со коронавирусот.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе