Денес стапува на сила американското ембарго на венецуелската нафта

Американското ембарго на нафта од Венецуела стапува на сила денес, а целта е да се натера претседателот Николас Мадуро да поднесе оставка со дополнително слабее на ионака ослабената венецуелска економија.

Ембаргото не само што им забранува на американските компании да купуваат нафта од државната нафтена компанија ПДВСА и нејзините подружници, туку и на сите правни лица во странство да го користат американскиот банкарски систем за набавка на венецуелското црно злато.

Тоа е една од мерките што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп за уривање на венецуелската влада и доведување на власт на Хуан Гуаидо, самопрогласениот привремен претседател кого го признаа педесетина земји, главно јужноамериканските сателити на САД.

Вашингтон во петокот го исклучи венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Араеза од меѓународниот финансиски систем (во долари). Неговиот евентуален имот во САД го замрзна американското министерство за финансии ставајќи го дипломатот на својата црна листа на финансиски санкции.

Венецуела на крајот на 2018 извезуваше половина милион барели на ден во САД, а три четвртини од нафтените приходи доаѓаа од американски купувачи. Американската подружница на ПДВСА, Ситго, поседува рафинерии, нафтоводи и акции во нафтени терминали на американско тло.

Вашингтон го замрзна имотот на Ситго во САД и контролата му ја довери на Хуан Гуаидо. Тој именуваше нова управа на американската подружница која така може да продолжи со работа.

По САД и Кина, Индија беше третиот најголем увозник на венецуелска нафта во 2017. Индиските компании веќе почнаа да се повлекуваат по најавата на санкциите, па Кина и Русија останаа главни поддржувачи на режимот на Мадуро.

Во студија објавена во април двајца либерални американски економсти Марк Вајсброт и Џефри Сакс предупредија дека ембаргото најмногу ќе ги погоди обичните граѓани.

„Американските санкции се свесно замислени за да ја уништат венецуелската економија“, напиша Сакс во студијата. „Таа залудна, сурова и незаконска политика е осудена на неуспех и сериозно му штети на венецуелскиот народ“, заклучи тој.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе