По рекордно ниското ниво

Делумно опоравување на турската лира: Сет мерки на Ердоган и пресметка со група турски компании

Турската лира делумно се опорави откако претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган воведе вчера низа мерки кои имаат за цел да поттикнат штедење во домашната валута.

EPA-EFE

Претходно во текот на вчерашниот ден, лирата падна на рекордно ниско ниво. Зборувајќи по состанокот на владата на 20 декември, Ердоган кажа дека мерките ќе обезбедат граѓаните да не мора да ги претвораат своите лири во странска валута, додека да имплементира други мерки за помош на извозниците и пензионерите.

Тој исто така ја повтори својата политика на ниски каматни стапки, иако лирата загуби половина од својата вредност во последните три месеци.

Лирата порасна по објавувањето на мерките и се тргуваше на 13,40 во однос на доларот синоќа, откако претходно во текот на денот ја проби границата од 18 за долар, паѓајќи петти ден по ред.

Падот на валутата забрза минатиот месец откако Ердоган го претстави економскиот модел кој се потпира на пониски трошоци на задолжување и поевтина валута.

Иако инфлацијата, според официјалните податоци, изнесува 21 отсто, централната банка на Турција од септември ја намали референтната каматна стапка од 19 на 14 отсто. Последното намалување, за еден отсто, беше на 16 декември.

Се верува дека централната банка дејствува под притисок на Ердоган, кој долго тврди дека каматните стапки ја предизвикуваат инфлацијата, спротивно на конвенционалното економско сфаќање.

Ердоган се прогласи за непријател на каматните стапки и смени три гувернери на централната банка околу несогласувања со задолжувањето.

Турскиот претседател ги отфрли шпекулациите дека неговата влада би можела да спроведе контрола на капиталот изразувајќи приврзаност на правилата на слободниот пазар.

Тој потоа се нафрли на ТУСИАД, групата најголеми турски компании, која ја повика владата да се врати на „општоприфатените правила на економијата“.

„Имате една должност, а тоа се инвестициите, производството, вработувањето и растот“, кажа Ердоган. „не барајте различни начини да ја нападнете владата... Не можете да ја добиете борбата против нас“, додаде.

Ослабената лира поттикнува раст на инфлацијата и цените, поскапува увозот, горивото и стоката за широка потрошувачка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе