Домаќинствата во оваа држава во третиот квартал минатата година имаа имот чија вредност изнесува 930 милијарди долари.
Станува збор главно за имот во форма на акции и обврзници, соопшти Централната банка на Данска.
Во последните два квартали од 2020, нивното богатство пораснало за речиси 119 милијарди долари, а со тоа се анулирал падот од 90 милијарди кој се случи во првиот квартал.
Се очекува овие позитивни трендови да помогнат во надминувањето на негативните последици на мерките против пандемијата на коронавирусот.
Просечното богатство на едно домаќинство изнесува околу 335.000 долари, но кај повеќето тој износ е помал, наведе Централната банка на Данска.
Така, на пример, 43 отсто од пензиското штедење е во сопственост на десет отсто од населението.