Цените на нафтата се качија над 30 долари, договорено е намалување на снабдувањето

Цените на нафтата пораснаа денес на меѓународните пазари над 30 долари, поттикнати од надежта за враќање на побарувачката паралелно со укинувањето на мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирусот и намалувањето на производството од водечките произведувачи.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 76 центи во однос на претходното затворање, на 30,22 долари. Во речиси ист износ порасна и на американскиот пазар, каде со барелот се тргуваше по 24,33 долари.

Трговците денес ги охрабрија плановите за ублажување на мерките кои владите низ светот ги воведоа за да се сузбие пандемијата на коронавирусот, најтешката светска здравствена криза во изминатите сто години. Австралија најави ублажување на мерките во три етапи, а по истиот пат тргнуваат и Франција, одделни американски сојузни држави и земји како Пакистан. Поблагите мерки значат враќање на автомобилите на патиштата во САД, најголемиот потрошувач на нафта и нафтени деривати во светот. минатата недела понудата на бензин на американскиот пазар порасна на 6,7 милиони барели на ден, според процените на американската влада.

Паралелно Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузнички предводени од Русија почнаа да го намалуваат снабдувањето за рекордни 9,7 милиони барели на ден, согласно на договорот склучен минатиот месец. Компаниите во Северна Америка го намалуваат производството побрзо отколку што очекуваа функционерите на ОПЕК и аналитичарите на енергетскиот сектор и би можеле до крајот на јуни да ја намалат понудата за 1,7 милиони барели на ден.

„Пазарот и понатаму е прекумерно снабден но кратењата на ОПЕК+ и другите доброволни намалувања помагаат и наскоро би можеле да се појават и првите, срамежливи навестувања на опоравувањето на побарувачката имајќи го предвид постепеното ублажување на мерките на блокадата“, смета Џејсон Гамел од Џефрис.

Дополнителна поддршка на цените им дадоа и разговорите на американските и кинеските претставници за трговскиот договор, усогласен пред избивањето на епидемијата. Двете страни се сложија дека договорот треба да се спроведе во дело.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе