Цените на нафтата повторно паднаа

Цените на нафтата паднаа денес на меѓународните пазари кон 36 долари откако Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати најавија зголемување на производните капацитети и покрај тоа што коронавирусот ја зголемува загриженоста за побарувачката.

На лондонската берза цената на барелот падна за 1,09 долари во однос на претходното затворање, на 36,13 долари. Во речиси идентичен износ е намалена и на американскиот пазар каде со барелот се тргуваше по 33,30 долари.

Откако водечките произведувачи фактички го раскинаа договорот за ограничување на производството, саудиското министерство за енергетика му наложи на Сауди Арамко да ги зголеми капацитетите од 12 милиони на 13 милиони барели на ден.

Националната нафтена компанија на ОАЕ исто така најави дека во април ќе го зголеми снабдувањето со сирова нафта на повеќе од четири милиони барели дневно. Планираат и забрзана реализација на плановите за зголемување на производните капацитети на пет милиони барели дневно. Првично планот беше да го достигнат тоа ниво во 2030 година.

„Саудиската стратегија на втерување страв во коски ни сугерира дека, за да ја вратат Русија на преговарачката маса, навистина се спремни да им наштетат на цените и приходите на сопствените произведувачи на нафта“, заклучуваат аналитичарите на УБС. „Зголемените резерви нафта веројатно ќе ги притискаат цените во следните месеци“.

Утринава цените на нафтата накратко скокнаа поради надежта дека одлуката на северноамериканските произведувачи за намалување на трошоците за да можат да се носат со ниските цени на нафтата на подолг период на крајот ќе резултира и со помало производство.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе