Цените на нафтата потонаа

Цените на нафтата нагло паднаа денес на меѓународните пазари кон нивото од 60 долари бидејќи трговците ги изненади силниот скок на резервите на САД.

На лондонскиот пазар цената на баерлот падна за 1,77 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 60,20 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 2,17 долари пониска цена, од 51,31 долар.

Трговците ги изненади скокот на резервите на сирова нафта, бензини и деривати во САД во минатата недела, според извештајот на Американскиот институт за нафта (АПИ). Притоа резервите на сирова нафта скокнаа за дури 6,8 милиони барели. Аналитичарите очекуваа зголемување за нешто помалку од милион барели.

„Поради податоците за зголемувањето на резервите извештајот силно ги притисна цените“, констатираат експертите на банката ИНГ. „Трупањето резерви не го јрева расположението во актуелната пазарна средина“.

Засилената рафинериска преработка ја засени скокот на увозот, особено преку Мексиканскиот Залив и на западниот брег на САД, смета Мет Смит од консултантската компанија Клипер дата.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе