Цените на нафтата паднаа под 95 долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под 95 долари по кревањето на каматните стапки во САД што го поттикна доларот и повторно го разгоре стравот од глобална рецесија и послаба побарувачка за гориво.

EPA-EFE

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше пониска за 1,39 долари во споредба со вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 94,77 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 1,76 долари пониска цена, од 88,24 долари.

Пазарите вчера ги поттикна падот на залихите во САД, кој го засени кревањето на каматните стапки, повторно за три четвртини од процентен бод, и изјавата на гувернерот Џером Пауел дека е прерано за размислување за пауза во кревањето на трошоците за задолжување.

Пауел кажа дека каматните стапки веројатно ќе достигнат повисоко ниво отколку што инвеститорите сега очекуваат, што го поттикна доларот. Силниот долар, пак, ја намалува побарувачката за нафта бидејќи ја намалува куповната моќ на купувачите со други валути. Повисоките каматни стапки во САД повторно ги разгореа и стравувањата од глобална рецесија.

„Сè поизразените стравувањата од успорување на растот неизбежно ќе влијаат врз глобалната побарувачка за нафта и можноста за повторно снижување на прогнозите во идните извештаи воопшто не се чини така тензична“, вели аналитичарот Тамас Варга од ПМВ.

Поголемиот пад на цените го спречија очекувањата за отежнато снабдување во претстојните месеци. На почетокот на декември стапува на сила ембаргото на ЕУ на руската нафта, а од февруари ќе биде забранет и увозот на нафтени производи. Производството на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) падна во октомври, за првпат од јуни, покажа истражување на Ројтерс.

ОПЕК минатиот месец произведувал 29,71 милиони барели дневно, за 20.000 барели дневно помалку од септември. Производството било помало за 1,36 милиони барели отколку што одреди групата.

Од овој месец ОПЕК и неговите сојузници, вклучувајќи ја Русија, планираат да го намалат производството за два милиони барели дневно во споредба со целеното ниво.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе