Цените на нафтата паднаа под 43 долари, расте загриженоста поради ширењето на заразата

Цените на нафтата паднаа денес на меѓународните пазари под 43 долари под притисокот на новиот бран на зараза со коронавирусот во САД кој, како што стравуваат инвеститорите, би можел да ја наруши побарувачката за енергенси.

EPA-EFE

Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 56 центи во однос на претходното затворање, на 42,56 долари. Вчера тргувањето заврпши во плус 1,11 долари.

На американскиот пазар денес со барелот се тргуваше по 58 центи пониска цена, од 40,07 долари. Вчера тргувањето заврши во плус 83 центи.

Пазарите вчера ги охрабри податокот за 4,8 милиони новоотворени работни места во САД во јуни, а расположението го поддржа и падот на американските резерви на нафта.

Денес вниманието се насочи кон вчерашните повеќе од 55 илјади новозаразени со коронавирусот во САД, најмногу од почетокот на пандемијата. Се стравува дека ширењето на заразата би можело да ги натера компаниите повторно да го сопрат вработувањето.

„Ако трендот продолжи, побарувачката по нафта во регионот ќе биде загрозена“, објасни Луиз Диксон од компанијата Рајстад енерџи.

„Се заканува опасност новиот бран зараза да го урне кревкото американско економско заздравување“, вели Стивен Бренок од ПМВ.

Инвеститорите затоа внимантелно ќе ги следат податоците за побарувачката за бензин во САД викендов, кога се слави Денот на независноста и многу Американци ќе патуваат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе