Цените на нафтата паднаа најмногу во оваа година

На светските пазари цените на нафтата минатата недела го забележаа најголемиот неделен пад годинава бидејќи инвеститорите се плашат дека трговската војна меѓу САД и Кина ќе предизвика забавување на растот на светската економија, а со тоа и послаба побарувачка по енергенси.

На лондонската берза цената на барелот минатата недела падна 4,8 отсто, на 68,70 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 6,4 отсто, на 58,65 долари.

Падот на цените е последица на тензиите во трговските односи меѓу Вашингтон и Пекинг, што може да ѝ наштети на целата светска економија, а со тоа и на побарувачката на „црното злато“. Тензиите растат откако САД го вклучија кинески Хуавеј на листата компании кои не можат да купуваат делови и технологија од американски компании без дозвола од американската влада поради закана за националната безбедност.

Покрај тоа, Вашингтон порача дека за еден месец би можел да ги зголеми царините на уште околу 300 милијарди долари вреден кинески увоз, откако претходно ги зголеми царините на 200 милијарди долари вредна кинеска стока која се увезува во САД.

Кина на тоа воведе противмерки на увозот од САД и порача дека Вашингтон треба да г коригира своите погрешни потези за да продолжат трговските преговори. Сѐ пораширена е и тезата дека целта на Трамп не е само постигнување на трговски договор туку и зауздување на кинеските технолошки амбиции. Низа податоци покажуваат дека растот на американската економија забавува, што влијае врз побарувачката на нафта.

Од друга страна, резервите на нафта во САД пораснаа минатата недела за дури 4,7 милиони барели, што укажува на намалување на побарувачката.

Производството во САД и понатаму е највисоко ниво во историјата, околу 12,3 милиони барели дневно. Се проценува дека во четвртиот квартал би можела да достигне и 13 милиони барели дневно, со што САД дополнително би ја зацврстиле позицијата на водечки произведувач на нафта во светот, пред Саудиска Арабија и Русија.

На тој начин САД ги поткопуваат обидите на ОПЕК со намалување на производството да го одржуваат растот на цените на нафтата.

Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници на чело со Русија се придружуваат до ланскиот договор за намалување на производството за 1,2 милиони барели дневно, што донесе раст на цените на нафтата за околу 30 отсто на почетокот на оваа година. Тоа, како и санкциите на САД против нафтените сектори на Иран и Венецуела, ги одржуваат цените на нафтата прилично високи.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе