Цената на златото нагло порасна

Цената на златото денес го надмина нивото на 1.400 долари за унца, приближувајќи се до највисокото ниво во шест години под влијание на слабиот долар, загриженоста за светската економија и геополитичките тензии.

Побарувачката по скапоцениот метал нагло порасна откако американската централна банка Фед во средата навести дека наскоро ќе ги снижи клучните каматни стапки по 10 години пауза.

Доларот ослабе по сигналот на Фед кој дојде во исто време со ублажувањето на монетарната политика на централните банки низ светот поради поттикнувањето на економскиот раст. Инвеститорите низ светот стравуваат дека економијата би можела дополнително да ослаби во условите на американско-кинеската трговска војна.

Наглиот пораст на цената на златото се поклопи и со веста за иранското соборување на американскиот „шпионски дрон“ кој, според тврдењата на Техеран, навлегол во иранскиот воздушен простор. Инцидентот дополнително ги заостри тензиите меѓу Иран и САД, разгорувајќи ги стравувањата од оружен конфликт.

Цената на златото скокна во јуни за околу 10 отсто и денес на азиската берза достигна 1.405 долари за унца, што е највисокото ниво од септември 2013 година.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе