„Недозволиво“

Бугарскиот претседател се жали дека рускиот гас е прескап

Претседателот на Бугарија Румен Радев се пожали дека Софија плаќа речиси двојно повеќе за рускиот гас во однос на другите држави.

„Од осумте земји што се дел од гасниот договор меѓу Газпром и Европската комисија, само Бугарија не постигна снижување на цената на гасот. Ние плаќаме речиси двојно повеќе за рускиот гас и тоа е недозволиво. Тоа беше темата на мојот телефонски разговор со претседателот (на Русија) Владимир Путин. Се надевам дека наскоро ќе ја постигнеме саканата цена“, кажа шефот на бугарската држава.

Радев ѝ порача на министерката за енергетика на Бугарија Теменушка Петкова дека би требало да се замисли дали добро си ја вршат работата и зошто Бугарија заостанува во таа сфера.

Министерката Петкова изјави потоа дека преговорите за гасот се прерогатив на владата.

Претседателите на Русија и Бугарија Владимир Путин и Румен Радев минатата недела разговарале по телефон. Радев го потврдил своето учество на Парадата на победата во Москва на 9 мај, а една од поважните теми на разговорот била и испораката на гас во Бугарија.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе