Бугарија и Романија се оддалечуваат од еврозоната, Хрватска е на пат кон единствената валута

Бугарскиот економист професор Бојан Дуранкев рече дека значителниот буџетски дефицит ќе ја спречи Бугарија да влезе во еврозоната во блиска иднина. Дуранкев додаде дека за земјата да се подготви, мора да се промени целото бугарско стопанство и општество, објави Еурепортер.

Фото: ЕПА

Бугарската влада годинава предвидува економски раст од 3,5 отсто и инфлација од 2,5 отсто. „Стапката на инфлација официјално е над 2 отсто.“ Дуранкев додаде дека „прогнозите укажуваат дека економијата има потенцијал за некакви промени, но земјата се движи кон значителен буџетски дефицит, што ќе нѐ спречи во наредните години, барем до 2025 година, да влеземе во еврозоната“, објасни проф. Дуранкев. Тој коментира дека еврозоната има непобитни предности, вклучително и посилна поддршка во случај на кризи како што е пандемијата.

Од друга страна, на Хрватска ѝ оди многу подобро, вели Еурепортер. Хрватска е на пат да го усвои еврото до 2023 година, сѐ додека ги исполнува критериумите поставени од Европската комисија, изјави Валдис Домбровскис, извршен потпретседател на Европската комисија. „Еврото ќе биде голема предност за Хрватска, како што е сега за Европа. Овие случувања мора внимателно да се следат и да се контролираат“, рече европскиот претставник.

Домбровскис ја предупреди Хрватска дека треба да биде претпазлива за ефектите од пандемијата врз економијата, особено ниското ниво на вакцинација, што може да ги наведе властите да усвојат нови ограничувачки мерки, иако темпото на закрепнување во хрватската економија е добро.

Хрватска ќе може да го воведе еврото дури откако ќе се исполнат сите критериуми за премин. Доколку се исполнат во 2022 година, Советот на ЕУ ќе одлучи дали државата ќе му се приклучи на еврото на 1 јануари 2023 година, изјави извршниот потпретседател на Европската комисија.

Гувернерот на Централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ, исто така неодамна изјави дека Загреб би можел да ги исполни сите критериуми за влез во еврозоната побрзо од очекуваното. Привременото суспендирање на лимитот на дефицитот за земјите-членки на ЕУ поради пандемијата на коронавирусот треба да ѝ помогне на Хрватска да го исполни, побрзо од очекуваното, клучниот услов за да стане членка на еврозоната, рече Борис Вујчиќ.

Земјите-кандидати за пристапување во еврозоната мора да докажат дека јавните финансии се солидни, дека инфлацијата е под контрола и девизниот курс е стабилен пред да можат да се префрлат на единствената валута.

Наклонетоста кон еврото и подготвеноста во регионот

Романците се на врвот на табелата за наклонетост кон евровалутата - 75% од нив сакаат да се префрлат во еврото, од 63% минатата година.

Според Флеш евробарометар, Романците ги следат другите нации од источна и централна Европа, при што 69 отсто од Унгарците, 61 отсто од Хрватите и 54 отсто од Бугарите ја поддржуваат единствената валута.

Истражувањето беше спроведено во седумте земји-членки што не ја прифатија единствената валута: Бугарија, Чешката Република, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска.

„Во седумте земји, 57 отсто се за воведување на еврото, додека 40 отсто се против. Има големи варијации на ниво на земја: три четвртини се за воведување на еврото во Романија, но во Чешка и Шведска мнозинството од испитаниците се против идејата за воведување на еврото“, се истакнува во истражувањето.

Бугарија и Хрватска се примени во Европскиот механизам за валутни курсеви (ЕРМ II), првиот чекор за приклучување кон еврото, иако Бугарија сега е уназадена, вели Еурепортер.

Шведска останува една од најподготвените земји за преминување кон еврото. Сепак, за приклучувањето кон ЕРМ е потребно одобрување од јавноста. На 14 септември 2003 година 56% од Швеѓаните гласаа против усвојувањето на еврото на референдум, при што политичките партии ветија дека ќе го почитуваат резултатот од референдумот.

Сите земји-членки на Европската Унија, освен Данска, која преговараше за повлекување од одредбите, се обврзани да го прифатат еврото како единствена валута откако ќе ги исполнат критериумите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе