Британската економија за првпат во пад по 2012 година

Активностите во британската економија се намалија во второто тромесечје за првпат од 2012 година под влијание на превирањата околу брегзитот, соопшти државниот завод за статистика.

Бруто домашниот производ паднал во вториот квартал за 0,2 отсто во однос на претходниот.

На годишно ниво пораснал за 1,2 отсто, најслабо од почетокот на годината. Во првиот овогодишен квартал активностите пораснале за 1,8 отсто.

Во јуни, последниот месец од второто тромесечје, БДП пораснал за еден отсто, најслабо од август 2013.

Во периодот од април до јуни бизнис инвестициите се намалени за 0,5 отсто. Потрошувачката на домаќинствата забележала, пак, ист процентуален раст, поддржана од падот на невработеноста и зголемувањето на платите.

Падот ка активноста е делумно поврзан со забавувањето на процесите на трупање резерви кој беше интензивиран во првото тромесечје во очекувањето на излегувањето од ЕУ на крајот на март, како што првично беше планирано.

Накнадно датумот на излегувањето беше одложен за крајот на октомври.

Владата на новиот британски премиер премиер Борис Џонсон е решена да ја изнесе Британија од Европската Унија дури и ако не успее одново да ги почне преговорите со Брисел за нов договор за транзициски договор за да се избегнат нарушувања во трговијата. Затоа изгледите за британската економија во остатокот на годината се крајно неизвесни.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе