Поради пандемијата

Британската економија во 2020 ќе падне за 14 отсто, најостро во повеќе од 300 години

Централната банка на Англија објави извештај во кој предвидува пад на економијата на Британија од 14 отсто во 2020 година.

Тоа би било најголемиот пад на економијата во едногодишен период од кога се бележат податоците, од 1949 година, соопшти Канцеларијата за национална статистика.

Покрај тоа, Централната банка на Англија вели дека ова ќе биде најголемиот нагол пад на економијата од 1706 година. податоците на Централната банка датираат наназад до 18 век.

Британија има над 30.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот и над 200 илјади случаи на зараза. Со недели земјата е во карантин, но британските медиуми јавуваат дека првото попуштање на мерките би требало да почне од следната недела.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе