Британска аналитичка група: Кина во 2028 ќе стане најголемата светска економија

Кина во 2028 ќе ги престигне Соединетите Американски Држави и ќе стане најголемата светска економија, пет години порано отколку што се предвидуваше досега, оцени британска аналитичка група.

EPA-EFE

„Веќе некое време главна тема на светската економија е борбата за економска премоќ на САД и Кина“, објави Центарот за економски и бизнис истражувања (ЦЕБР) во својот годишен извештај, објавен денес.

„Пандемијата на ковид-19 и последичниот економски пад во тоа ривалство играа во корист на Кина“, пишува во извештајот, а пренесува Ројтерс.

ЦЕБР тврди дека „успешното управување со пандемијата“ на Кина, која рано воведе речиси целосен карантин, и ударите врз долгорочните изгледи за економски раст на Западот, доведоа до подобрување на кинеската економска позиција.

Азиската држава би требало во периодот од 2021 до 2025 да оствари просечен годишен раст од 5,7 отсто, а во периодот од 2026 до 2030 од 4,5 отсто.

Иако се очекува САД да имаат силно економско оздравување во 2021, растот ќе успори на 1,9 отсто од 2022 до 2024, а потоа на 1,6 отсто.

Јапонија ќе остане третата најголема светска економија, тврди ЦЕБР, до почетокот на 2030-тите кога ќе ја престигне Индија која Германија ќе ја потисне од четвртото на петтото место.

Обединетото Кралство, денес петтата најголема светска економија ќе стане шеста во 2024. Но и покрај ударите кои се очекуваат во 2021 поради напуштањето на единствениот пазар на ЕУ, британскиот БДП до 2035, според предвидувањата, би требало да биде 23 отсто повисок од францускиот, благодарение на британската дигитална економија.

Европското производство сочинува 19 отсто од економските активности на десетте најголеми светски економии, но тоа до 2035 би можело да падне на 12 отсто или пониско, во случај на хаотично разделување на ЕУ и Британија.

ЦЕБР заклучува и дека пандемијата врз економијата ќе се одрази со поголема инфлација, а не со послаб раст.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе