Озлогласениот „фрекинг“

Британија ќе ја забрани контроверзната метода на вадење гас

Британија ќе воведе мораториум на хидрауличното фрактуирање на карпи, таканаречениот „фрекинг“, објави владата во Лондон и додаде дека контроверзната метода за добивање гас ги загрозува локалните заедници поради тресењето на тлото.

Владата на премиерот Борис Џонсон пред тоа ја сигнализираше својата поддршка а индустријата за добивање гас од шкрилци додека бара начини да ја намали британската зависност од увозот на природен гас кој се користи за греење на околу 80 отсто од британските домаќинства.

На фрактуирањето, кое вклучува вадење гас од карпите со разбивање со вода и хемикалии под висок притисок, остро се противат еколозите кои тврдат дека тоа е спротивно на британската обврска да се постигне нулта емисија на јаглерод диоксид до 2050 година.

Објавата доаѓа во време кога Џонсон се подготвува за изборите на 12 декември. Предлозите за фрактуирање во неколку неизвесни изборни окрузи на северот на Англија сега ќе бидат одложени.

Министерката за стопанство Андреа Ледсом кажа дека владата не би можела да ги исклучи неприфатливите влијанија врз локалните заедници во иднина доколку фрактуирањето продолжи.

„Секогаш бевме јасни во тоа дека ќе ја следиме науката“, кажа таа за радио Би-би-си. „Не можеме да бидеме сигурни дека гасот од шкрилци може сигурно да се извлекува и затоа мораме да наметнеме мораториум сѐ додека ставот на науката не се смени“.

Одлуката е донесена по извештајот за инцидент на локација која ја работи британската енергетска компанија Квадрила покрај Блекпул на северот на Англија, каде тресењето на тлото со магнитуда од 2,9 ги разниша куќите во август годинава.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе