Британија го склопи првиот трговски договор по брегзитот - со Јапонија

Велика Британија денеска го склопи својот прв голем трговски договор по брегзитот, со Јапонија, кој го оцени како „историски“, додека се бори да се договори за трговијата со своите најблиски трговски партнери во Европската Унија.

Откако и официјално ја напушти ЕУ во јануари, Велика Британија се фокусираше на преговори за нови трговски зделки со земјите низ целиот свет, иако експертите велат дека најверојатно тие нема да го заменат извозот загубен од ЕУ ако не може да се постигне договор со Брисел.

„Ова е историски момент за Велика Британија и Јапонија како наш најголем трговски договор по брегзитот“, рече британската министерка за трговија Лиз Трус.

„Договорот за кој преговаравме - во рекордно време и во тешки околности - го надминува постојниот договор со ЕУ, бидејќи обезбедува нови победи за британските бизниси во нашата голема индустрија за производство, храна и пијалаци“.

Договорот нашироко се сметаше за еден од најлесните што му се на дофат на Лондон, главно заснован на договорот ЕУ-Јапонија, кој ја опфаќа Британија до крајот на декември, кога завршува преодниот рок за брегзитот.

Другите преговори, особено со Соединетите Држави, напредуваа побавно, вели Ројтерс.

Јапонскиот министер за надворешни работи, Тошимицу Мотеги, рече дека разговорите биле тешки „но ние успеавме да постигнеме принципиелен договор со извонредна брзина, за само три месеци“.

Тој рече дека целта на Јапонија е договорот - кој ќе им помогне на јапонските производители на опрема за возови и компоненти на автомобили - да стапи во сила од 1 јануари.

Британија рече дека договорот значи дека 99% од нејзиниот извоз во Јапонија ќе биде без царини и дека тоа на долг рок може да ја зголеми трговијата за 15,2 милијарди фунти, во споредба со 2018 година.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе