Брегзитот до крајот на деценијава би можел да ја чини Британија многу пари

Континуираната неизвесност околу иднината на трговските односи на Британија со Европската Унија би можела да ја чини британската економија до крајот на годината 4,4 милијарди фунти, а до крајот на деценијата 15 милијарди фунти, се проценува во извештајот на меѓународната организација Ранд Јуроп.

И покрај тврдењата на премиерот Борис Џонсон дека ќе го „спроведе брегзитот“, истражувањето открива дека денешното формално излегување на Британија од ЕУ „само ќе ја заврши првата фаза на трговската несигурност“ која ја предизвика брегзитот, се наведува.

Авторите ги оспоруваат и ветувањата на премиерот дека до крајот на таканаречениот преоден период, на 31 декември, ќе склучи договор за слободна трговија во канадски стил и предупредуваат дека преговорите „би можеле да потраат“ бидејќи Британија се соочува со „негативни долгорочни економски импликации“ на избрзан договор.

Штетата за британската економија забрзано ќе расте сѐ додека не бидат испреговарани деталите од новиот договор, а до 2025 година растот на БДП би можел да се намали за 11 милијарди фунти, односно 15 милијарди до 2029, доколку не се постигне нов договор.

Ранд Јуроп притоа предупредува дека секое намалување на БДП ќе биде преточено во поголеми трошоци на задолжување на државата, со дополнителен трошок на годишните камати од речиси 1,3 милијарди фунти до крајот на 2020 година и три милијарди фунти до 2025.

Џонсоновото инсистирање на тоа дека нема да го продолжува транзицискиот период по крајот на оваа година создаде ризик од брегзит без договор, под неповолни услови на Светската трговска организација (СТО), поттикнувајќи страв од царини и излезни квоти.

Британија веќе забележа „негативни економски последици“ поради референдумот за излегување од ЕУ во 2016 бидејќи потрошувачите го намалија трошењето, а компаниите ги сопреа инвестициите.

Авторите на извештајот предупредуваат дека премиерот тешко ќе одбере меѓу трошоците кои на Британија ѝ ги носат кратките преговори и оние кои ги носи нивното оддолжување на подолг временски период.

„Британија ќе мора да ги измети потенцијалните краткорочни економски импликации од продолжената трговска несигурност, доколку преговорите потраат по 31 декември 2020, и покрај потенцијалните долгорочни економски импликации од брзо склучениот договор, со недоволен обем потребен за пошироки и подлабоки идни трговски односи меѓу Британија и ЕУ“, се наведува во извештајот.

Се истакнува и дека британските сојузници, особено САД, ќе ги загрижи евентуалниот продолжен период на неизвесност поврзан со безбедносните и одбранбени односи на Британија со соседите.

„Во сите тие аспекти 31 јануари 2020 година е само крајот на почетокот“, заклучуваат авторите.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе