„Глобализацијата мора да се преиспита“

Борел: 90% од антибиотиците произведува Кина, Европа не прави ни грам парацетамол и нема резерви за кризи

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел оцени дека криза од библиски размери ќе ги погоди Европа и светот како резултат на епидемијата на коронавирусот, „а земјите во развој ќе ги загубат сите приходи бидејќи дојде до крах на извозот, цените на нафтата и суровините, туризмот запре, исто како и исплатите на економските мигранти“.

Борел во интервју за шпанскиот весник Вангвардија рече дека Европската Унија мора да ја врати стратегиската независност во клучните сектори на економијата и дека, поради тешката криза, мора итно да се договори да создаде фонд за обновување за европската економија затоа што, како што рече, сфатилe „дека ова веќе е сериозно“.

„Сè уште не сме свесни колкава криза нè чека“, предупреди Борел и предочи дека „глобализацијата мора да биде преиспитана“, наведувајќи дека до сега се сметало дека пазарот „секогаш и насекаде се снабдува со потребните стоки“.

„Но кога ќе дојде до распад и недостиг како сега, сфаќате дека 90% од антибиотиците се произведуваат во Кина, дека Европа не прави ни грам парацетамол и дека нема резерви за справување со здравствени кризи“, додаде тој.

„Мора да се заштитиме, да ја обновиме улогата на државата“, рече високиот функционер на ЕУ, „и подобро да се справуваме со светските прашања, а воопшто не е точно она што го велат националистите од сите бои дека секој може подобро сам“.

Борел оцени дека е неопходно некои производи да се прават во Европа, да се произведуваат повеќе различни артикли со сопствени капацитети и да се врати вредноста на стратегиската автономија.

И, како што истакна, „станува збор за градење безбедносни инструменти, намалување на зависноста и избегнување другите држави да ја преземат контролата врз нашите основни бизниси“.

Запрашан од Вангвардија дали тоа значи да се согласува со повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за враќање на европската индустриска независност и дали предлага национализација на претпријатијата за да се спаси економијата од колапс, Борел рече дека „национализирањето или давањето субвенции може да бидат спорни поими“.

Но забележа дека „државите треба да им дадат капитал на претпријатијата за да избегнат крах“ и додаде дека Франција штотуку најави дека тоа ќе го стори со Ер Франс.

„Не смее никако да се дозволи ни крахот на вредноста компаниите на берзите да овозможи да ги купат странски фирми... државите мора да се заштитат себеси и еден од начините е да се инвестира во нивниот капитал, затоа што тоа е економска и политичка логика и разум“, заклучи Борел.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ рече дека лидерите на ЕУ сепак се согласиле солидарно преку буџетот на Унијата да го финансираат враќањето на европската економија на поцврсти нозе и покрај епидемијата, иако сè уште треба да се постигне договор, и како предвидените илјадници милијарди евра да бидат поделени меѓу богатите и помалку богатите членки на Унијата.

Тој рече дека „мора да се обезбедат пари за работа на претпријатијата и за плати, и тоа брзо, а се плашам дека механизмите на ЕУ се бавни“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе