Трамп го потпиша законот за воведување санкции

Блумберг: САД се немоќни да го сопрат Северен тек 2

Групата која стои зад проектот на гасоводот Северен тек 2 соопшти дека планира што побрзо да го заврши гасоводот кој ќе ги зголеми испораките на гас во Европа откако санкциите на САД го примораа главниот изведувач да ја сопре работата на поставувањето на цевките.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот го потпиша предлог-законот кој содржи воведување санкции на компаниите кои ги поставуваат цевките за Северен тек 2, кој би требало да го удвои постоечкиот гасен капацитет вдолж рутата на Северен тек до Германија.

Агенцијата Блумберг објави дека САД немаат преголема моќ да го сопрат завршувањето на проектот и дека го признале поразот на повеќегодишните напори во таа насока.

Високи службеници на американската администрација, кои сакале да останат анономни, изјавија за Блумберг дека санкциите доаѓаат предоцна за да имаат каков било ефект. САД, наместо тоа, ќе се обидат да наметнат трошоци на други руски енергетски проекти, соопшти еден од претставниците.

Американците се закануваа со санкциите, обидувајќи се да го спречат проектот вреден 11 милијарди долари, пред неговото завршување.

Германски Шпигл неодамна напиша дека ситуацијата личи на Студената војна, со тоа што Русите и Американците сега користат економско оружје, а епицентарот на кризата е повторно во Берлин.

Вашингтон, кој бара нови пазари за својот течен природен гас (ЛНГ), тврди дека Северен тек 2 ќе ја направи Европа премногу зависна од руските резерви.

Газпром, рускиот гигант и главен носител на Северен тек2, веќе задоволува повеќе од третина од европските потреби за гас.

Рускиот престедател Владимир Путин сака со рутата под Балтичкото Море да ја одмине Украина. Русија со тоа би заштедила милијарди од транзитните такси кои ѝ ги плаќа на Украина, со која е скарана по анексијата на Крим во 2014. Двете држави неделава постигнаа нов договор за транзитот по долготрајните преговори.

Планирано е Северен тек 2 да почне со работа во втората половина на 2020.

„Завршувањето на проектот е од суштинско значење за безбедноста на европските резерви. Заедно со компаниите кои помагаат во проектот, ќе работиме на тоа тој побрзо да се заврши“, се наведува во соопштението на конзорциумот кој стои зад проектот.

Европската Унија ги осуди американските санкции против компаниите кои учествуваат во изградбата на гасоводот. Портпаролот на ЕУ кажа дека Европската комисија ги анализира можните последици на тие мерки, а германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека е „против екстратериторијалните санкции“ против овој гасовод.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Москва ќе продолжи со своите економски проекти без оглед на санкциите. Портпаролката на министерството Марија Захарова го обвини Вашингтон за промовирање „идеологија“ која ја кочи светската конкуренција.

Предлог-законот ја повикува администрацијата во рок од 60 дена да ги идентификува компаниите кои работат на проектот за санкциите да стапат на сила. Се очекува извештајот да биде спремен побрзо.

Санкциите кои се дел од поширокиот закон кој се однесува на американскиот буџет за одбрана за 2020 година, вклучува замрзнување на имотот и укинување на американските визи за претприемачите кои работат на проектот.

Газпром сноси половина од планираните трошоци на проектот на гасоводот, а остатокот го делат пет европски компании: австриски ОМВ, германските Унипер и Винтершел, англо-холандската Ројач дач шел и француската Енжи.

САД во последните години станаа најголемиот светски произведувач на нафта и гас, и агресивно се обидуваат да ги продадат своите производи во странство. Трамповата администрација тврди дека ЛНГ е „гас на слободата“ кој на Европа ѝ пружа алтернатива на руските резерви.

Германија истакнува дека гасот ѝ е потребен бидејќи се ослободува од јагленот и нуклеарната енергија.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе