Биткоинот продолжи да паѓа, изгуби до 30 отсто од вредноста

Водечката криптовалута биткоин го продолжи денес забрзаното губење на вредноста и изгуби до 30 отсто пред малку да се крене.

EPA-EFE

Тоа е реакција на предупредувањето на Кина и на пресвртот во ставот на милијардерот Илон Маск околу криптовалутите.

Околу 15:30 денес по средноевропско време биткоинот изгуби 17,35 отсто и падна на 35.799 долари. Кога беше на своето најниско ниво, вредноста на биткоинот беше половина од неговиот историски рекорд од 14 април кога вредеше 64.869,78 долари. Сепак, тоа и понатаму беше повеќе отколку што вредеше на почетокот на годината.

По пресвртот во ставот на компанијата на Маск Тесла околу биткоинот, Кина „долеа сол на раната“ и прогласи дека виртуелните валути не треба и не може да се користат на пазарот бидејќи не се вистински валути, кажа еден аналитичар. „Криптовалутите не се вистински девизи“, оценија денес повеќе референтни кинески банкарски сојузи и предупредија на „шпекулациите“ во земјата која инаку се подготвува да издаде сопствена виртуелна валута.

Едно време Кина беше едно од местата каде биткоинот, најраспространетиот од виртуелните валути, беше силен.

Минатата недела Маск, сопственикот на произведувачот на електрични автомобили Тесла, објави дека таа компанија ќе ги одбива плаќањата во биткоини, наведувајќи го како причина еколошкиот ризик предизвикан од „рударењето“ по биткоини, иако во претходните месеци имаше позитивен став кон криптовалутите и придонесе на скокот на нивната вредност.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе