Откако ја урна криптовалутата

Биткоинот го возвраќа ударот? Маск падна на трето место меѓу најбогатите луѓе во светот

Основачот на Тесла, Илон Маск, е турнат на третото место на рангирањето на најбогатите луѓе во светот, откако паднаа акциите на производителот на автомобили. Падот се случи откако минатата недела милијардерот го испаничи биткоин-пазарот со еден единствен твит.

Фото: ЕПА

Маск, кој во март се искачи на најпосакуваното прво место во индексот на милијардери на Блумберг, пред да биде истуркан од шефот на Амазон Џеф Безос, вчера ја загуби и второпласираната позиција од Бернар Арно, претседателот на најголемиот светски конгломерат за луксузни производи ЛВМХ, пренесе Блумберг.

Падот на богатството на Маск, кое сега се проценува на 160,6 милијарди американски долари, што е за околу 24% помалку од јануари, се верува дека се должи на бледата изведба на акцијата на Тесла, која во понеделникот падна за 2,1 проценти на 576,83 американски долари – многу далеку од пикот од 883,09 долари во јануари.

Aкциите на Тесла имаат тенденција длабоко да паѓаат во понеделниците, а до крајот на неделата да враќаат дел од својата вредност, но социјалните мрежи почнаа да шпекулираат дека за ова се одговорни објавите на Маск на Твитер поврзани со биткоинот.

Минатата неделата Маск соопшти дека Тесла ја укинува можноста за купување на нејзините возила со биткоин поради загриженост за климатските промени, во врска со со употребата на фосилни горива во „копањето“, нанесувајќи ѝ сериозен удар на вредноста на водечката светска криптовалута.

„Загрижени сме поради сѐ поголемата употреба на фосилни горива за трансакции и копање на биткоинот. Особено сме загрижени за јагленот, со најлоши емисии од сите горива. Криптовалутата е добра идеја, но не смее да предизвикува огромни еколошки проблеми“, напиша тогаш Маск и додаде дека Тесла не планира да продава повеќе од својот биткоин, но потврди дека компанијата разгледува други криптовалути што се многу помалку зависни од енергија.

Пред само три месеци, Маск, голем поддржувач на криптовалутите, откри дека Тесла вложила 1,5 милијарда долари во биткоини. Во март тој објави дека производителот на автомобили ќе ја прифаќа криптовалутата како платежно средство за скапите електрични возила на Тесла.

Најавите ги вивнаа цените на биткоинот во тоа време.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе