Белград: Царините „носат“ по милион евра дневно, косовскиот пазар го заземаат други

Краткорочната штета од косвските царини на српската стока годинава би била околу 500 милиони евра, кажа српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и додаде дека штета дневно е во просек од 1 милион евра.

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации истакна дека се проценува дека минатата година на Косово била пласирана стока во вредност од околу 440 милиони евра и дека со растот од 12 отсто годинава штетата од косовските царини би требало да биде околу 500 милиони евра.

Тој кажа дека долгорочната штета е дека српските компании ќе го загубат пазарот и дека тој простор уште сега го заземаат компании од други земји од регионот, пред сѐ од Словенија и Македонија.

„Во рацете на ЕУ и САД објективно се и стапот и морковот“, кажа Љајич и истакна дека тие б можеле да извршат притисок да се укинат царините и да се имплементира она што е договорено.

Тој кажа и дека таа мерка целосно го блокирала политичкиот дијалог.

„Би било бесмислено да зборуваме за барање политичко решение, а некој да не е во состојба да ги укине нецивилизациските царини“, кажа српскиот министер.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе