Се борат да го зауздаат наглиот пораст на цените

Банката на Англија предупредува дека Британија ќе падне во рецесија

Банката на Англија предупреди дека Британија ќе падне во рецесија, во време кога ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво во последните 27 години.

EPA-EFE

Прогнозиран е пад на економијата во последните три месеци оваа година, како и негово продолжување до крајот на следната година.

Каматните стапки пораснаа на 1,75 отсто во време кога Банката на Англија се бори да го заузда наглиот пораст на цените, а инфлацијата би можела да надмине 13 отсто.

Гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, соопшти дека знае дека е тешко поради цената на животот, но дека би било уште полошо доколку Банката не ги кренала каматните стапки.

Главната причина за високата инфлација и лошиот раст е наглото зголемување на цените на енергијата, предизвикано од западните санкции против Русија поради специјалната воена операција во Украина, пишува Би-би-си.

Банката на Англија предупредува дека стандардно домаќинство до октомври ќе плаќа речиси 300 фунти месечно за струја.

Очекуваната рецесија ќе биде најдолгиот пад од 2008 година, кога банкарскиот систем на Британија доживеа колапс и го прекина кридитирањето.с

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе