Бајден: Американскиот план за вработување е амбициозен како вселенската трка

Претседателот на САД Џо Бајден оцени дека неговиот план за вработување е амбициозен како вселенската трка пред повеќе децении.

EPA-EFE

Ппанот наиде на републикански и корпоративен отпор, а вреди повеќе од два билиони долари. Би требало да ја трансформира најголемата светска економија и на САД да им овозможи да бидат поуспешни од Кина. Планот ја става Америка во незгодна позиција бидејќи власта создава милиони работни места градејќи инфраструктура, решавајќи ги климатските промени и поттикнувајќи услуги како нега на постарите лица, пишува Ројтерс.

„Ова е вложување кое се случува еднаш во генерација, за разлика од сè што видовме или направивме откако пред децении ги изградивме меѓудржавниот систем на автопатишта и вселенската трка“, кажа Бајден во Питсбург на објавувањето на планот.

Кажа дека не му било тешко да побара од големите компании да го платат буџетот и најави дека ќе се пресмета со корпорациите како Амазон кои плаќаат малку или ништо сојузни давачки.

Во документот кој го објави Белата куќа се наведува дека инфраструктурниот план на Бајден ја зголемува стапката на данок на добивка и го менува даночниот закон за да ги затвори дупките кои на компаниите им овозможуваат префрлање на добивката во странство.

Вториот финансиски голем законски предлог на Бајден отвори конфликт во Конгресот, каде членовите главно се сложуваат дека се потребни инвестиции, но се поделени околу вкупниот износ и вклучувањето на програмите кои традиционално се сметаат за социјални услуги.

Заедно со неговиот неодамна донесен пакет за помош за коронавирусот од 1,9 билиони долари, инфраструктурната иницијатива на Бајден би ѝ дала поголема улога на владата во економијата отколку што имала со генерации, сочинувајќи 20 или повеќе отсто од вкупното годишно производство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе