Азиско-пацифичките земји го потпишаа најголемиот трговски договор во светот

Петнаесет азиско-пацифички земји го формираа најголемиот трговски сојуз во светот.

EPA-EFE

Ова се случи под закрила на Кина и без учество на САД, кои под администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги напуштија преговорите за слично здружување.

Потпишувањето на Сеопфатното регионално економско партнерство (РЦЕП) на средбата во Ханој се случува три гоини по пропаѓањето на Транспацифичкиот трговски договор (ТТП) кој беше едно од најголемите достигнувања на владата на поранешниот американски претседател Барак Обама, пренесува Ројтерс.

Неговиот наследник Трамп во 2017, на првиот ден од својот мандат, излезе од договорот кој, ако стапеше на сила, ќе опфатеше речиси третина од светската трговска размена.

РЦЕП сега може дополнително да го зацврсти влијанието на Кина во Азија, давајќи ѝ подобра позиција да ги обликува трговските правила на регионот. Го потпишаа 15 држави – десет членки на Сојузот на држави на југоисточна Азија (АСЕАН), како Малезија, Филипини, Индонезија и Виетнам, и Австралија, Кина, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.

Договорот е особено значаен бидејќи ривалските сили Кина, Јапонија и Јужна Кореја за првпат се дел од заеднички договор. Индија се повлече од договорот во 2019 година.

Договорот е потпишан виртуелно, на самитот на АСЕАН на кој се разговараше за тензиите во Јужното Кинеско Море и плановите за стопанско опоравување по пандемијата на коронавирусот.

Целта на договорот е во претстојните години постепено да се намалуваат царините, а некои да се укинат веднаш/ РЦЕП ќе опфати 30 отсто од светската економија, ист процент од светското население, а ќе се однесува на 2,2 милијарди потрошувачи, објави Виетнам, домаќинот на самитот.

Договорот стапува на сила кога ќе го ратификуваат доволен број држави, во следните две години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе