По брегзитот

Австралија и Велика Британија почнаа преговори за слободна трговија

Австралија и Велика Британија денеска официјално почнуваат разговори за слободна трговија по брегзитот и се надеваат дека ќе ги завршат оваа година, објави министерот за трговија во Канбера.

Фото: ЕПА

„Во текот на денот, Австралија и Велика Британија официјално ќе ги почнат преговорите за слободна трговија“, рече австралискиот министер за трговија, Сајмон Бирмингем.

Утрово беше објавено дека конзервативната британска влада отвора преговори за слободна трговија со Нов Зеланд и бара да склучи слични договори низ целиот свет додека преговара за отцепување од Европската Унија.

Австралискиот министер рече дека, дури и во случај на договор, малку е веројатно дека обемот на трговијата меѓу двете земји ќе се врати на нивоата од 70-тите години, што значи пред Британија да ѝ се приклучи на тогашната Европска економска заедница, кога британските трговски врски беа концентрирани на нејзините поранешни колонии.

„Австралија ќе работи на постигнување најдобар пристап до пазарите за својот извоз, особено во земјоделството, онлајн-трговијата и инвестициите“, рече Бирмингем.

Австралија преговара за трговски договор и со Европската Унија и министерот сака да го склучи годинава, иако признава дека е тешко да се преговара за неколку договори во исто време.

„Европската Унија е поголем пазар и и покрај брегзитот останува поголем пазар. Но тоа не значи дека британскиот пазар е помалку важен“, рече Бирмингем.

И Нов Зеланд денеска официјално почна преговори за слободна трговија со Велика Британија.

„Во условите по брегзитот, има повеќе смисла од кога било досега да се работи заедно за развој на ова партнерство на иднината“, рече министерот за трговија и извозен раст на Нов Зеланд, Дејвид Паркер.

Договорот за слободна трговија, за кој двете држави веќе некое време неформално дискутираат, ќе отвори повеќе можности за малите и средните претпријатија, автохтоните маорски извозници и за нашите регионални заедници, додаде тој.

Велика Британија е шести најголем трговски партнер на Нов Зеланд.

Првиот круг разговори се очекува да се одржи преку видеоконференција од средината на јули, објави Паркер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе