Погодени енергетскиот, финансискиот и трговскиот сектор

Американските санкции кон Иран стапија во сила, 8 увозници на нафта поштедени

Новите американски санкции кон Иран стапија денес во сила, но засега осум големи увозници на иранската нафта се поштедени од казни.

Санкциите се насочени кон иранскиот енергетски, финансиски и трговски сектор, за да се ослаби економијата на земјата по одлуката на американскиот претседател да ги повлече САД од нуклеарната спогодба што Иран во 2015 година ја постигна со светските сили.

Со денешното стапнување во сила се вратени сите санкции што беа укинати според договорот, со кој Иран доби пристап до милијарди долари во замена за намалување на својата нуклеарна програма.

Иако администрацијата на Доналд Трамп настојува да ги пресече изворите на приход од иранската нафта, некои од најважните сојузници на Вашингтон, како и ривалската Кина, и понатаму можат да купуваат иранска нафта сè додека работат на деградирање на договорот.

Покрај Кина, и Индија, Италија, Грција, Турција, Јужна Кореја, Тајван и Јапонија се изземени од санкциите поради увоз на иранска нафта, пренесува Ројтерс.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе