Американските компании во Кина стравуваат дека Кинезите ќе им возвратат за Хуавеј

Лоби групата која ги претставува американските компании во Кина порача дека се многу загрижени околу тоа дека Пекинг би можел да возврати на американските мерки против технолошкиот џин Хуавеј.

Претседателот на кинеското претставништво на Амчам, американската стопанска комора, Тим Стратфорд, кажа дека нивните членови се загрижени околу можниот одговор на Кина.

САД неодамна го додадоа Хуавеј на листата на компании на кои им треба дозвола од владата за работа во Америка, потег кој само ја влоши трговската војна кој е во ек и на која не ѝ се наѕира крајот.

Минатата недела администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го вклучи Хуавеј на црната листа на компании поради што сега нема пристап до деловите и технологиите на американските компании без владино одобрение.

Кина најави одмазда, но не ги откри деталите.

„Особено поради новите одлуки за Хуавеј, загрижени сме дека Кина би можела да реши да им се одмазди на американските компании“, кажа Стратфорд за Би-би-си. „Тоа е сериозен проблем, кој само се зголемува додека луѓето размислуваат како да ги приспособат своите бизнис модели“.

Амчам објави и ново истражување кое покажа дека повеќе од 40 отсто од нивните членови размислуваат за преместување на производството од Кина и тоа поради наметнатите царини. Комората претставува околу 900 американски компании кои работата во Кина.

Трамп неодамна ги зголеми царините на стоката во вредност од 200 милијарди долари која во САД се увезува од Кина. Тоа беше зголемување од царини до 10 отсто на царини од 25 отсто.

Кина пак возврати со најава дека ќе ги зголеми царините на американска стока во вредност од 60 милијарди долари, и тоа од 1 јуни.

Вчера некои од најголемите компании кои се занимаваат со производство на облека како Најк и Конверс побараа од Трамп да ја прекине трговската војна со Кина и предупредија на катастрофалните последици од таа војна по крајните купувачи.

Му испратија писмо потпишано од 173 компании кои тврдат дека Трамповата одлука за зголемување на царините диспропорционално ќе влијае врз работничката класа.

Го предупредија и дека високите царини се закануваат на опстанокот на некои бизниси и заклучија дека е време за крај на трговската војна.

Трамп, кога ги зголемуваше царините, им порача на компаниите дека можат да ги избегнат мерките доколку производството го преселат во САД.

Засегнатите компании порачаа дека производството на обувки е индустрија која бара многу капитал и планирање со години однапред и дека не можат едноставно да ги преместат своите фабрики за да се приспособат на промените.

Пекинг повеќе пати порача дека е спремен да разговара со Вашингтон и да работи на решавање на проблемот. Но, нова средба не е закажана.

„Кина е и понатаму спремна да разговара со американските колеги за да се дојде до договор. Нашата врата е отворена“, изјави кинескиот амбасадор во САД.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе