Американски инвеститор: Поради пандемијата нѐ чека најлошата финансиска криза досега

Владите низ светот се обидуваат да го сопрат ширењето на коронавирусот, кој ја загрозува економијата на глобално ниво. Легендарниот американски инвеститор Џим Роџерс повеќе не го поставува прашање ќе бидат ли финансиските последици од пандемијата големи, туку е сигурен дека нѐ чека најголемата економска криза досега, пренесува Раша тудеј.

Според него, многумина финансиски ќе настрадаат од последиците на пандемијата на вирусот бидејќи тие ќе бидат забележливи долго откако ќе го зауздаме и совладаме вирусот.

„Веќе кажав за РТ дека следниот финансиски проблем ќе биде најлошиот досега“, вели Роџерс, истакнувајќи дека веќе сме упатени кон „финансиска криза која ќе ја почувствуваме за неколку месеци“.

Како што вели легендарниот инвеститор, голем број индустрии, како авионската и турстичката, ќе претрпат огромна штета. Компаниите со големи долгови се особено загрозени сега, а особено оние кои се дел од меѓународната трговија.

„Некои од нив ќе банкротираат“, кажа тој, додавајќи дека авиокомпаниите и тие за бродски превоз веројатно ќе ги спасат државите бидејќи секој друг исход би бил срамен.

Што се однесува до финансиските пазари, повеќето берзи не беа спремни за глобална здравствена криза и не знаеја дека таа доаѓа. Сепак, причината за овој хаос, според Роџерс, „не е само вирусот, туку и многу повеќе фактори“.

Бидејќи ситуацијата е несигурна, тој им советува на инвеститорите да ги вложат своите пари „само во она што многу добро го знаат“.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе