Американската централна банка за првпат меѓу ризиците ги вклучи климатските промени

Глобалното загревање би можело да предизвика нагли промени во вредноста на имотот, предупреди американската централна банка ФЕД, вклучувајќи ги за првпат климатските промени меѓу ризиците по финансиската стабилност.

EPA-EFE

„Инвеститорите поради акутните ризици, како бурите, поплавите и пожарите, би можеле нагло да го сменат своето гледање на вредноста на реалниот и финансискиот имот“, објасни во дополнувањето на полугодишниот извештај на централната банка, објавен вчера, функционерката на ФЕД Лаел Брејнард.

„Долгорочните ризици, пак, како бавниот раст на просечната температура и нивото на морето и постепената промена на очекувањата на инвеститорите поврзани со тие закани, отвораат можност за неповратни промени и значителни осцилации на очекувањата“, додаде Брејнард.

Наглите промени на цените на имотот поврзани со климатски условените природни ќе имаат последици на финансиските пазари кои ќе бидат тешки за предвидување, пред сè затоа што не се доволно познати или не се документира доволно реалната изложеност на климатските ризици, предупредува ФЕД.

„Затоа е клучно да се подобри транспарентноста со подобар систем на мерење и стандардизирани извештаи“, додаде Брејнард.

„Од клучна важност е од фазата на потврдување дека климатските промени претставуваат значителен ризик по финансиската стабилност да преминеме во фазата во која соодветно ќе ги процениме квантитативните импликации на тие ризици и ќе понудиме решенија“, истакна функционерката на американската централна банка.

Извештајот на ФЕД е објавен неколку дена откако кандидатот на демократите Џо Бајден на изборите го победи актуелниот претседател, републиканецот Доналд Трамп.

Трамп упорно ги намалува ризиците на климатските промени, додека Бајден вети дека борбата против климатските промени повторно ќе ја вброи во приоритетите на американската политика, пишува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе