Во територијалните води на Мозамбик

Американска компанија презема едно од најголемите наоѓалишта на гас

Американската енергетска компанија Анадарко планира да вложи 25 милијарди долари во вадењето гас во територијалните води на Мозамбик.

Претседателот на Мозамбик, Филипе Њуси, на церемонијата на потпишување на договорот со лидерите на Анадарко кажа дека тоа е најголемата странска директна инвестиција во историјата на државата.

Експлоатацијата на гасот треба да почне во 2024 година, а според процените ќе се произведуваат 12 милиони тони годишно.

Директорот на американската компанија Ал Вокер кажа дека проектот двојно ќе го зголеми бруто домашниот производ (БДП) на Мозамбик.

Во Анадарко се горди на инвестицијата, најавувајќи отворање на пет илјади работни места директно поврзани со проектот и уште 45 илјади кои директно ќе бидат поврзани со изградбата на гасоводот.

На почетокот на оваа деценија во покраината Кабо делгадо на северот на Мозамбик беше откриено огромното наоѓалиште на природен гас.

Од Анадарко претходно соопштија дека резервите на природен гас во Мозамбик се меѓу најдобрите и најголемите во светот.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе