Америка уверува дека не е во рецесија

Американската економија е оптоварена со инфлација и пати од ефектите на војната во Украина, но не е во рецесија, порачуваат функционерите на Белата куќа.

EPA-EFE

Министерката за финансии на САД Џенет Јелен, економскиот советник Брајан Диз и секретарката за трговија Џина Рајмондо се огласуваа во последните денови пред објавувањето на податоците најавени за денес, кои би можеле да потврдат дека бруто домашниот производ (БДП) е намален од април до јуни, пренесува Ројтерс.

Прогнозата на Банката на федерални резерви на Атланта предвидува пад на БДП од 1,6 отсто, што е веќе втор квартал на пад на БДП.

Додека генералното правило вели дека пад на БДП во два последователни квартали сигнализира рецесија, силниот пазар на труд во Соединетите Американски Држави потврдува дека ова може да биде редок случај кога тоа нема да биде доволно економистите да прогласат рецесија на најголемата светска економија.

Сепак, приказната за рецесија може да прерасне во самоостварено пророштво имајќи предвид дека компаниите и потрошувачите, загрижени дека претстојат потешки времиња, ги намалуваат потрошувачката и инвестициските планови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе