„Америка стигна до крајот, светот повеќе не го сака доларот“

Индексот на доларот падна под 90, за првпат од пролетта 2018. Тоа што доларот сè повеќе слабее значи дека ќе дојде до стрмоглав пад на валутата во 2021 година, смета берзанскиот ветеран, брокерот Питер Шиф.

EPA-EFE

„И нема да заврши во 2021. Ова ќе биде уште едно повеќегодишно уривање на доларот“, кажа тој во својот подкаст.

Според него, ќе се надмине рекордното најниско ниво на индексот на доларот од 2008 година кое изнесуваше 71,58.

„Значи, пред нас е долг пат до целосниот пад. Имаме околу 20 бодови до тоа. Но тогаш следува уште еден поголем удар“, наведе тој.

Шиф истакна дека слабиот пазар на трудот врши поголем притисок врз американскиот Конгрес и Федералните резерви да направат нешто.

„Нормално, она што го прават е само создавање инфлација бидејќи мислат дека постои некаква размена – ако имаме поголема инфлација, ќе имаме помала невработеност. Во реалноста ќе имаме повеќе невработеност поради поголемата инфлација. Па дури и луѓето кои се вработени ќе патат поради поголемите животни трошоци“, објасни тој.

Слабоста на доларот би требало да биде знак за предупредување дека завршува играта за Федералните резерви со печатењето пари и олеснувањата, додаде.

Постојат големи шанси дека со регулацијата на билансот би можеле да се уништат 10 билиони долари до крајот на 2021 година.

Според мислењето на економистот, единствената причина поради која американската економија функционира е преценетиот долар, пишува Раша тудеј.

„Единствената причина поради која Федералните резерви успеваат да се извлечат со сите поттикнувања е тоа што светот го овозможуваше тоа со откупувањето на сите тие долари. Но сега кога светот повеќе не ги сака доларите целиот тој процес ќе се урне“, заклучува Шиф.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе