Финансиска офанзива

Америка им забранува на банките купување на рускиот долг

Американскиот претседател Џо Бајден издаде денес извршна одредба со која ја овласти владата на САД да го санкционира кој било сектор на руската економија.

EPA-EFE

Исто така ќе може да им се забрани на американските банки учество во купувањето на државните обврзници деноминирани во рубљи на примарните пазари, пренесува Ројтерс.

Американските кредитори тоа, сепак, не ги спречува да го купуваат рускиот суверен долг на секундарните пазари, додава британската агенција.

Пазарните експерти, економските стратези и аналитичарите имаат поделени мислења за финансиската офанзива на Вашингтон против Русија.

Аналитичарот Кристофер Гренвил, од компанијата за економски истражувања ТС Ломбард во Лондон, проценува дека санкциите на примарниот пазар на руските државни обврзници ќе влијае на тоа каматата на централната да биде за 50 базни поени повисока отколку што би била инаку.

„Санкциите се калибрирани да бидат сериозни, но не премногу. Сериозни се бидејќи тоа не е само уште една рунда политички санкции насочени против неколку функционери или компании од црните листи за кои никој никогаш не слушнал, туку се смислени да ѝ наштетат на Русија со зголемување на трошоците за задолжување и ослабување на рубљата“, вели Гренвил.

Додава, меѓутоа, дека меѓународните инвеститори, бидејќи санкциите се однесуваат само на примарната емисија, ќе продолжат да ги купуваат руските државни должнички хартии на секундарните пазари.

Хаснаин Малик, шеф на истражување на пазарот на капитал на лондонската Телимер група, смета дека американското ограничување на купувањето на новиот руски државен долг „тешко дека е моќна казна за економијата која има фискален дефицит под 1,0 отсто и учество на јавниот долг во бруто домашниот производ помал од 20 отсто“.

„Во најдобар случај, ова е сигнал дека САД можат да ги зајакнат своите финансиски мерки против Русија, а тука сега има малку причини за разнишување на ситуацијата со инвестирањето во Русија пред санкциите“, наведе тој.

Светските агенции пренесоа денес дека САД ѝ воведоа нови санкции на Русија со кои се опфатени над 30 поединци и компании и решија да протераат 10 руски дипломати. Санкциите се однесуваат и на забраната на купување на рускиот државен долг на примарниот пазар по 12 јуни.

Вашингтон наведе дека причина за новите санкции е наводното мешање на Москва во американските избори во 2020 година и сајбер нападите за кои американската влада ја обвинува Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе