Глобал тајмс

„Америка и Кина се спремаат да ја докрајчат светската економија“

Американските и кинеските власти се спремаат за заострување на односите и би можело да дојде до воведување нови царини за заштита на пазарот.

Покрај тоа, може да има и прекин на првиот дел од едвај постигнатиот трговски договор, пишува Глобал тајмс, повикувајќи се на функционери вклучени во донесувањето на одлуките на Вашингтон.

Таа ситуација би можела да ја докрајчи светската економија која, според процените на многу експерти, поради пандемијата оди кон најголемата криза од Втората светска војна.

„САД сериозно намераваат да одреагираат на улогата на Кина во ширењето на коронавирусот во светот“, изјави советникот на Белата куќа за економија Питер Наваро за Си-ен-би-си.

Според него, Пекинг не усвоил на време мерки кои можеле да го спречат ширењето на вирусната инфекција низ светот.

Во меѓувреме, Кина наводно се подготвува да возврати со иста мера. Значи, може да се очекува нова рунда влошување на односите меѓу САД и Кина.

Таканаречената трговска војна меѓу САД и Кина ја одбележа 2019 година во светската економија. Меѓутоа, Вашингтон и Пекинг почнаа да ги ублажуваат мерките кои ги воведоа едни против други. На почетокот на 2020 се договорија за првиот дел од сеопфатниот договор. Потоа почна пандемијата на коронавирусот и Соединетите Држави почнаа да ја изразуваат потребата да се „казни“ Кина поради ширењето на вирусот.

Во случај односите на Пекинг и Вашингтон повторно да се влошат, таквата ситуација би можела да ѝ нанесе нов голем удар на светската економија истоштена од пандемијата. Со други зборови, нова трговска војна би можела да ја „докрајчи“, заклучува Глобал тајмс.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе