Амазон го претекна Гугл и стана највредната марка во светот

Американскиот технолошки гигант Амазон ги претекна Епл и Гугл и стана највредната марка во светот, според студија објавена во вторникот.

Вредноста на брендот Амазон се зголеми на 315 милијарди долари, според извештајот на агенцијата за истражување на глобалниот пазар Кантар.

Амазон скокна од третото на првото место и го засени Гугл, кој се лизна од првото на третото, додека Епл остана на второто место.

Амазон, кој во својата гаража во 1994 година го основа Џеф Безос, го достигна врвот на листата благодарение на клучните аквизиции, врвните кориснички услуги и иновативниот бизнис-модел, се вели во соопштението на Кантар.

„Паметните аквизиции, кои доведоа до нови извори на приходи, одличното давање услуги на клиентите и способноста да остане пред своите конкуренти нудејќи разновидна група производи и услуги, му овозможија на Амазон конкурентно да го забрзува растот на вредноста на брендот“, објави Кантар.

Меѓу првите десет компании повторно доминираат американските - Епл со 309,5 милијарди долари, Гугл со 309 милијарди долари и Мајкрософт со 251 милијарда долари.

Виза има вредност од речиси 178 милијарди долари, што ја става на петтото место, додека социјалната мрежа Фејсбук е зад неа со речиси 159 милијарди долари.

За прв пат, Алибаба го надмина Тенцент и стана најпрестижниот кинески бренд. Алибаба беше седма со 131,2 милијарда долари, а Тенцент ја следи во чекор, со 130,9 милијарди долари, на осмото место.

Како знак на растечката важност на Азија, 23 од водечките 100 марки се азиски, меѓу кои 15 се од Кина.

Водечките марки прифатиле „иновативен“ бизнис модел за да ги надминат традиционалните конкуренти во секторот на технологијата, финансиите и малопродажбата.

„Моделите на иновативни екосистеми се развиваат во региони како што е Азија, каде што потрошувачите се технолошки подобро обучени и каде што брендовите се интегрираат во секој аспект од секојдневниот човеков живот“, рече глобалната директорка на БрендЗ во Кантар, Дорин Ванг.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе