500-те најбогати луѓе во светот во еден ден изгубија 117 милијарди долари

Во понеделникот петстоте најбогати луѓе на светот вкупно загубија 117 милијарди долари. Меѓу најголемите губитници е Џеф Безос, кој е воедно најбогатиот човек во светот, а кој остана без дури 3,4 милијарди долари.

Нешто помала загуба од 3,2 милијарди долари претрпе Бернар Арно, францускиот богаташ кој стои зад марки како Луј Витон и други. Марк Закерберг изгуби 2,8 милијарди долари, додека Бил Гејтс остана без 2 милијарди долари, откако падна вредноста на нивните акции.

Падот на акциите е поврзан со глобалното стравување од ескалација на трговската војна меѓу САД и Кина. До наглата продажба на акциите дојде откако Кина дозволи нејзината валута да падне во однос на доларот, на нивото што го имаше во 2008 година.

Тоа предизвика сеопшт страв од ескалирање на конфликтот, во кој се очекува Кина и понатаму да продолжи да манипулира со курсот на јуанот.

Безос останува најбогат човек на светот, и покрај загубите се проценува дека „тежи“ околу 110 милијарди долари, според Блумберг. Истиот извор наведува дека овие 500 најбогати луѓе во светот контролираат околу 5,4 билиони долари, што е 11 отсто повеќе во однос на минатата година.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе