Белград: Да се наградува Приштина е контрапродуктивно, ЕУ покажува двојни стандарди

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ оцени дека е контрапродуктивно да се наградуваат властите во Приштина со одлуката за почеток на визната либерализација.

EPA-EFE

Дачиќ кажа дека токму власта во Приштина претставува пречка за продолжување на дијалогот и опасност по регионалниот мир и стабилност со едностраните потези.

„Тоа не е добро ни за Европската Унија, бидејќи таа покажува дека нема авторитет, покажува дека има двојни стандарди. Не знам каква порака тоа би била за Србија, која сите овие години беше коректна, предвидлив партнер, а која постојано се соочува со закани, притисоци и условувања, за разлика од претставниците на Приштина, кои се практично наградени за својата некоректност и неисполнување на меѓународно преземените обврски“, кажа Дачиќ за Танјуг.

Додаде дека не се испраќа добра порака, потсетувајќи дека е објавена вест дека земјите членки на ЕУ постигнале начелна согласност за тоа да се направи првиот чекор кон донесување заедничка одлука за почеток на визната либерализација со Косово.

„Република Србија никогаш не била против граѓаните од нашиот регион да имаат право да патуваат без визи во земјите членки на ЕУ. Тука станува збор за нешто друго. Пред неколку дена бевме сведоци дека привремените институции од Приштина претставуваат главен проблем во спроведувањето на Бриселскиот договор, дека претставуваат закана за регионалниот мир и безбедноста“, кажа Дачиќ.

Додаде дека се слушна и од највисоките претставници на ЕУ и САД и други големи земји дека потезите на Приштина се апсолутно неприфатливи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе