Спутник

Зошто Западот се плаши од идејата на Дачиќ за српско-албанско разграничување?

Идејата за српско-албанско разграничување всушност го става настрана Косово и иницира дијалог меѓу Белград и Тирана, односно Србија и Албанија, пишува Спутник.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ беше свесен дека најавата за внатрешен дијалог за Косово од самиот почеток ќе предизвика поделба на оние за и оние против.

Она што, како што самиот кажа, го изненадило е нервозата која следела по изјавата на Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи, дека единственото можно решение е да се разграничи што се српските, а што албанските интереси.

Од Косово на ова нагрнаа повеќе од негативни реакции, а од Западор забелешки дека предлогот на Дачич е „пробен балон на Белград“.

Стефан Сурлиќ, од беглрадскиот Факултет за политички науки, вели дека постои еден вид страв кој доаѓа од сите страни, дека ново разграничување ќе ја отвори „Пандорината кутија“.

„Во овој момент Западот мисли дека косовската приказна е завршена и дека Србија има маневарски простор да не го признае Косово, но дека треба да го прифати дека Косово е претставувано на меѓународно ниво. Идејата за српско-албанско разграничување всушност го става настрана Косово и иницира дијалог меѓу Белград и Тирана, односно Србија и Албанија – што е тоа српско, а што е тоа албанско – бидејќи само во таков директен дијалог постои потенцијал да се зборува за разграничување на Косово“, објаснува Сурлиќ за Спутник.

Тој истакнува дека во овој момент не постои соговорник на таа тема во Приштина затоа што таа не прифаќа никаква опција за поделба на Косово, а повеќе зборува за некаков вид на размена на територии – северот на Косово за Прешевската долина.

„Сите тие теми, меѓутоа, водат кон истиот заклучок: премногу страни со различни интереси. Прашањето е дали некое трајно разграничување меѓу Србите и Албанците може да биде решено по мирен пат или со согласност на сите заинтересирани страни, пред сѐ српската и албанската, но и на меѓународната заедница која сака некои работи да се решат во овој регион, а излегува дека секоја иницијатива за решавање на косовскиот проблем буди нови политички проблеми и разидувања кои можат да доведат до напнати или заладени односи во регионот“, заклучува српскиот експерт.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе