Зошто Трамп го отповикуваат седум дена пред истекот на мандатот

Демократите во Претставничкиот дом се спремни за историското гласање за отповикување на претседателот Доналд Трамп од Белата куќа, седум дена пред истекувањето на неговиот мандат. Едно од главните прашања е – зошто отповикување ако мандатот на Трамп секако му истекува на 20 јануари, кога ќе биде инаугуриран новиот американски претседател Џо Бајден.

EPA-EFE

Долниот дом на американскиот парламент, Претставничкиот дом, изгласа резолуција со која го повика потпретседателот Мајк Пенс да го почне процесот на отстранување на Трамп од власта, врз основа на 25-от амандман на уставот. Повикувањето на тој амандман подразбира Пенс и поголем дел од Трамповата администрација да мора да го прогласат својот шеф за неспособен за вршење на должноста. Пенс во писмо до претседавачката со Претставничкиот дом на Конгресот веќе кажа дека тоа нема да се случи.

Затоа Претставничкиот дом денес ќе гласа за отповикување на Трамп од должноста, под обвинување дека ги поттикнал бунтот против американската власт и насилствата во Вашингтон во кои настрадаа пет лица.

Иако Трамповиот мандат завршува на 20 јануари, Претставничкиот дом на четири страници го објасни предлогот за отповикување и наведе дека „Трамп покажа дека и понатаму ќе биде закана за националната безбедност, демократијата и Уставот ако остане на должност бидејќи не се однесуваше во согласност со своите овластувања и владеењето на правото“.

Во случај Трамп да биде отповикан во долниот дом, ќе биде единствениот од 45-те американски претседатели што бил отповикан двапати.

Главната причина во Трамповото отповикување на само една недела од истекот на мандатот се крие во четиринаесеттиот амандман на американскиот устав.

Доколку Сенатот потоа го изгласа отповикувањето, тоа може да го спречи Трамп повторно да се кандидира.

Бидејќи американските претседатели можат да управуваат со земјата во вкупно два мандати, кои не мора да бидат последователни, Трамп теоретски би можел да се кандидира за претседател во 2024 година. Меѓутоа, ако Сенатот го осуди, потоа ќе може да гласа и да му се забрани секаква идна кандидатура. За тоа е потребно само просто мнозинство, односно гласовите на повеќе од половина сенатори, а Демократската партија има мнозинство во Сенатот со гласот на новоизбраната потпретседателка Камала Харис.

До отповикувањето, од друга страна, може да поминат повеќе месеци бидејќи Бајден прв ќе мора да се соочи со Сенатот, кој треба да ги потврди членовите на неговиот кабинет.

Експертите веруваат дека отповикувањето може да има и големо симболично значење, односно дека демократите сакаат јасно да стават до знаење дека никој не е над законот – според нив претседателот придонел за разгневувањето на демонстрантите и повикувал на насилство и затоа за демократијата е важно тој да биде повикан на одговорност.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе