Њузвик

Зошто Путин би урнал патнички авион?

Додека Русија и Украина продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за уривањето на патничкиот авион во источна Украина, во кој загинаа 298 луѓе, американски професор, експерт за Русија, на трагедијата ги гледа отпечатоците од прстите на Украина. Непопуларното мислење (барем во САД) на Стивен Ф. Коен, пензиониран професор што предавал руска и советска политика на Њујоршкиот универзитет и Универзитетот Принстон, и кој е долгогодишен бранител на Русија и на Путин, доаѓа во моменти кога Белата куќа објави дека авионот на Малезија ерлајнс МХ17 бил урнат со проектил земја-воздух истрелан од регионот под контрола на сепаратистите што ги поддржува Русија.

Во рамките на официјалната кампања против Русија, Саманта Пауер, амбасадорката на американскиот претседател Обама во Обединетите нации, на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН вчера изјавила дека „не е исклучена можноста за техничка помош од страна на руската војска“.

Ова е интервјуто што Коен го дал за Њузвик околу актуелната криза:

 

За мотивите:

„Јас секогаш го поставувам прашањето, кој имал мотив? Русите немаа мотив, бидејќи ова е катастрофално за Путин. За проруските бунтовници на теренот, сѐ уште не е ни разјаснето дали имале капацитет да го направат тоа. Украинската војска – таа ги има сите играчки. Украинската влада има повеќе такви системи Бук (ракетен систем земја-воздух, со повеќе лансирни цевки, развиен од Советскиот Сојуз во 1970-тите, за кој украинската влада тврди дека е одговорен за уривањето). Тоа што го произведуваат Русите не е доказ дека Русија е зад уривањето... повеќето поранешни советски републики имаат руско оружје... Значи и Украина го има капацитетот. Да кажеме дека си играла со новите играчки и направила грешка... Истото се случи во 2001 (кога Украина по грешка урна цивилен патнички авион со проектил земја-воздух за време на воена вежба, убивајќи ги сите 78 патници што летале од Тел Авив кон Новосибирск). Да кажеме дека проруските бунтовници го урнале – тоа не значи дека го добиле оружјето од Путин.

Белата куќа тврди дека Путин е одговорен бидејќи им го испратил оружјето во Украина. Тоа е само половично точно – но тоа воопшто не значи дека тој ги контролира. Поседувањето оружје воопшто не докажува од каде го добиле“.

За украинската војска:

„Украинските војници се тотално изгубени. Тие се целосно неспособни и им продаваат еден куп оружје на проруските бунтовници“.

За тоа зошто патнички авион летал над политички кризна зона:

„Тоа таму е воен воздушен простор најмалку од 1 јули наваму, непосредно откако проруските сепаратисти се пофалија дека зазеле украинска воена база во која имало најмалку еден ракетен систем Бук. Имаше и неколку извештаи за истрелани ракети од Бук, и сѐ уште не е јасно од која страна, кон воени авиони и хеликоптери што летаа над источна Украина. Неверојатно е тоа што некој воопшто летал над Украина. Доколку некој пилот ми каже дека ќе прелетаме над источна Украина, јас би му кажал дека сакам да се симнам“.

За групите проруски цивили што бегаат пред украинските оружени сили:

„Американските медиуми воопшто не го покриваат, ниту пак поддржуваат каква било дебата, за тоа што го прави украинската влада во источните градови. Ниту една голема новинска агенција не известува редовно од тие градови, а тоа што таму се случува е страшно. Имате најмалку 300.000 бегалци кои пребегнаа во Русија. Доњецк, Славјанск, Краматорск, сите поголеми проруски градови во источна Украина се срамнети со земја и целосно уништени. Кога напаѓате некој град, убивате и деца и жени. Жртвите се далеку повеќебројни од оние во уривањето на малезискиот авион“.

За позитивната страна на сето ова:

„Проруските бунтовници изјавија дека се подготвени да договорат примирје. Тоа би било исклучително добро. Тогаш луѓето што навистина ја раководат ситуацијата ќе може да седнат и да преговараат“.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе