Зошто паничиме за коронавирусот, а за грипот не?

Ако ве фаќа паника од коронавирусот, а не сте се вакцинирале против грип, не сте ја разбрале работата.

Секоја нова епидемија секогаш ќе привлекува поголемо внимание од некоја вообичаена болест, а коронавирусот е сериозна закана по здравјето. Но нашата новооткриена хиперпретпазливост во врска со инфекциите може да биде покорисна ако успееме да пренасочиме дел од неа кон грипот - значително посмртоносен вирус што напаѓа секоја година.

Овој нов вид коронавирус досега уби 132 луѓе, сите во Кина. Вкупно во целиот свет се пријавени повеќе од 6.000 случаи, иако експертите веруваат дека бројката е потценета.

За споредба, годинашнава сезона на грип уби 8.200 луѓе, а најмалку 15 милиони беа заразени - и тоа само во САД.

Џемс Лолер, лекар за заразни болести на Универзитетот во Небраска, рече дека пандемичните вируси како коронавирусот предизвикуваат поголема вознемиреност затоа што, за разлика од грипот, ги нема првичните контрамерки како вакцините, антивирусни лекови, системи за дијагностичко тестирање и мониторинг.

Сите овие работи ги имаме за грипот, но сепак стапките на вакцинација се ниски.

„Грипот не е толку нов како коронавирусот и не предизвикува толку бомбастични наслови затоа што го гледаме секоја година“, рече Емили Мартин, епидемиолог од Универзитетот во Мичиген.

Коронавирусот ги испреврте животите на многу кинески граѓани и предизвика силна реакција кај луѓето. Само е важно да се запамети дека ако сте загрижени поради вирусите, секоја година може да се спречат многу од тие смртни случаи.

„Кога ќе размислиме за релативната опасност од овој нов коронавирус и од грипот... коронавирусот ќе биде само дамка на хоризонтот во споредба со грипот“, изјави Вилијам Шафнер, професор по превентивна медицина од универзитетот Вандербилт.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе