Зошто падна бугарската влада и зошто протестите во таа земја нема да сопрат тука

„За Бугарите цената на струјата беше само капката што ја прели чашата. Бидејќи надежите на грашаните дека, со влегувањето во ЕУ, брзо ќе дојде до благосостојба, воопшто не се исполнија!“, изјавил во анализата на Дојче веле Марко Арнд, шеф на канцеларијата на фондацијата Конрад Аденауер во Софија, објаснувајќи ги причините зошто падна бугарската влада, односно поради што се крена народот на таа држава.

Пазарна цена која никој во Бугарија не може да ја плати

Најпрвин треба да се знае дека цената на електричната енергија во Бугарија е најниска во целата Европска Унија, па така во Германија таа чини трипати повеќе. Снабдувањето на Бугарија, по приватизацијата, го делат два понудувачи, чешкиот ЦЕЗ и австрискиот ЕВН, кои постојано ги креваат своите цени. Проблемот е во тоа што странските сопственици ги зголемуваат цените на струјата бидејќи сакаат да работат без загуби, но од друга страна приходите на Бугарите се на дното на Европската Унија, па така просечната плата изнесува околу 360 евра, а пензиите едвај 150 евра. Едното го предизвика другото. Бунт на народот.

Иако покрај Романија Бугарија е најсиромашната земја на Европската Унија, таа е воедно и фискално најстабилна, но очигледно на сметка на жителите на Бугарија кои едвај преживуваат.

Фискалната стабилност има своја цена

„Фискалната стабилност има и своја цена: не се инвестира во инфраструктурата, а и ако се вложува, тоа доаѓа од ЕУ фондовите. Приходите се, пак, исклучително ниски и веќе со години не се зголемиле, а пензиите едвај стигнуваат колку за преживување. Според статистиките на бугарскиот службен весник, овој месец во Бугарија 1,5 милиони жители живееле под прагот на сиромаштијата – што е петтина од населението“, истакнал Арнд за Дојче веле.

Дека сметките за струја не се причина за бунтот и оставката на владата се сложува и Јохана Дајмел од Општеството за Југоисточна Европа од Минхен.

„Тоа е вентил за луѓето да го кренат гласот пртив социјалната неправда. Лошата економска и социјална состојба на голем дел од населението е само дел од последиците на кризата во Европа. Токму поради тоа протестите се насочени кон вистинската адреса, на сметка на бугарската влада“, вели Дајмел.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе