Би-би-си

Зошто Ким Јонг Ун треба да се плаши од Трамповата посета на Јапонија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши дводневната посета на Јапонија, својата прва станица на азиската турнеја која ја почна во саботата со посетата на Хаваи. Покрај бројните разговори со државниот врв на Јапонија, тој донесе и една порака.

Иако јавноста далеку повеќе се бавеше со гафовите на американскиот претседател, Трамп сепак не се префрли од другата страна на Тихиот Океан за да храни кои шарани во царската палата. Непосредно пред големата турнеја, на која се очекуваат бројни средби со највлијателните светски лидери, како рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг, и разговорите за жешките прашања во регионот, Трамп во Азија влезе преку Јапонија. И донесе важна порака.

За време на прес конференцијата американскиот претседател изјави дека Јапонија лесно би можела да ги собори севернокорејските проектили со помош на најсовремената американска воена опрема, ракетите кои годинава двапати прелетаа преку островската држава. Трамп истакна дека јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе „купи масивни количества воена опрема“ од Соединетите Држави.

„Можеш да ги турнеш директно од небото“, му кажа Трамп на Абе. Американскиот претседател не заборави да истане дека тие договори ќе им донесат неопходни нови работни места на Американците, покрај „безбедноста на Јапонија“, пишува Би-би-си.

Трамп уште претходно, во септември, твиташе дека ќе дозволи продажба на високософистицирана воена техника на Јапонија и Јужна Кореја. Иако Јапонија нема војска во готовност туку, поради Втората светска војна одржува „сили на самоодбрана“, Абе, кој во западните медиуми го опишуваат како воено расположен политичар, бара начини тоа да го смени. Говорот на Трамп го проследи дамо со изјава дека неговата земја би можела да ги пресретне проектилите „доколку има потреба за тоа“.

Јапонија е еден од двата клучни американски сојузници во регионот во спорот со Северна Кореја, а бројни експерти сметаат дека САД веројатно до сега ќе почнеа воени операции против Пјонгјанг, доколку мета на ракетите на Ким Јонг Ун не се токму Сеул и Токио.

Како заклучок, Трамп во Јапонија донесе јасна порака „купувајте американско оружје“, што го направи и во јули годинава кога ја посети Европа, каде нудеше на продажба и оружје и американски гас. Десетици договори за продажба на оружје, нафта и транспорт, вредни 380 милијарди долари, склучи американскиот претседател и претходно, при посетата на Ријад. Набрзо потоа Катар се најде под целосна изолација на своите соседи од арапскиот свет, што не би можело да се направи без премолчена дозвола од Трамп.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе