Зошто Британците излегуваат на избори во четврток?

Се очекува околу 30 милиони од 66 милиони Британци во четврток да излезат на парламентарните избори во 650 изборни единици, во кои 3.322 кандидати се натпреваруваат за пратеничко место.

Околу 50 илјади гласачки места ќе бидат отворени од 7 до 22 часот.

Според британскиот мнозински систем, лицето кое во еден круг ќе освои најмногу гласови во изборната едница станува нејзин претставник во парламентот.

Тоа во пракса значи дека понекогаш може да се стане пратеник и со триесетина отсто од гласовите.

Кандидатите мора да дадат залог од 500 фунти кои им се одземаат ако не освојат пет отсто од гласовите.

Во Англија има 533 изборни единици, 59 во Шкотска, 40 во Велс и 18 во Северна Ирска.

Географските големини на единиците многу варираат во зависност од тоа дали се во урбана или рурална област, но во просек опфаќаат 70 илјади жители.

На минатите избори во 2017 право на глас имаа 47 милиони луѓе, а се одзваа 32 милиони или 69 отсто.

Парламентарните избори се одржуваат во четврток од 1935 година, што сѐ до 2011, кога тоа беше пропишано со закон, беше само традиција.

Сега по закон редовните избори мора да се одржуваат на првиот четврток во мај секоја петта година.

За распишување предвремени избори потребно е двотретинско мнозинство во парламентот.

Британија од 1923 година немала избори во декември и можно е одзивот да биде помал поради студот, поради пократкиот ден или подготовките за Божиќ.

Некои веруваат дека традицијата на изборите во четврток почнала поради тоа што бил панаѓурен ден во повеќето градови па луѓето од одалечените области можеле да дојдат истовремено на панаѓур и на гласачките места.

Друга популарна теорија вели дека се гласа во четврток за новата влада да има време да се формира преку викендот и да биде спремна за работа во понеделник.

Некои, пак, сметаат дека причината е што на работниците на времето платата им се исплаќала во петок, па би имале доволно време да се запијат до четврток и на гласачките места да дојдат сосема трезни.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе